Укинување на балансерот и децентрализација, проекти на кандидатите за министри на „Вреди“
Коалицијата „Вреди“ најавува трансформација на политичката култура во земјава. Кадровски решенија без политички багаж преку, како што велат, ќе спроведуваат политички за враќање на довербата во судството, економски развој. Наместо балансер, правична застапеност...

Со реализација на проектот „Преминуваме на дела“ коалицијата „Вреди“, најавува трансформација на политичката култура во земјава. Кадровски решенија без политички багаж преку, како што велат од „Вреди“, ќе спроведуваат политички за враќање на довербата во судството, економски развој.
Изет Меџити кандидат за заменик-претседател на Владата и министер за екологија истакна дека правата на Албанците се загарантирани во Уставот, а најави укинување на балансерот и закон за правична застапеност.
Касами од БЕСА останува градоначалник на Тетово, тој најави жестока борба со криминалот и корупцијата, и како што рече вистинска децентрализација на општините
За Бекир Сали, потпретседателот на Алтернатива, новите политики ќе придонесат за излегување од летаргијата на албанското население.
Идниот министер за здравство, Таравари, најави гаснење на „пожари“ во неговиот сектор и разрешување на речиси сите економски директори.
Од коалицијата „Вреди“ очекуваат аргументирана, демократска и позитивна собраниска расправа за избор на новата Влада.
Марина Стојанова – Тонева
