Енергетика

Mасовен прекин на струја во регионот

21.06.2024 15:43

Првичните информации се дека падот почнал во мрежата во Црна Гора, а потоа се проширил и во другите земји од регионот.

Регионалните медиуми известуваат за масовен прекин на струја во регионот, кој довел до целосен колапс во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и Aлбанија.

Првичните информации се дека падот почнал во мрежата во Црна Гора, а потоа се проширил и во другите земји од регионот.

Точната причина се истражува. Првичните сомнежи се дека потрошувачката скокнала поради системите за разладување од високите температури.