Бањите- туристички потенцијал на источниот регион
Најголемиот туристички потенцијал на источниот регион се термалните води. Засега, искористен е само капацитетот на Штип. Бањата „Кежовица“ годишно ја посетувата околу 3.000 луѓе. Водата е лековита особено за костозглобни заболувања. За поголема искористеност се потребни поголеми вложувања...

Туристичката иднина на источниот регион, покрај планинскиот и алтернативен туризам е и во бањите, сметаат експертите:
„Основата за развој на туризмот во Македонија е бањскиот туризам, а понатаму можеме да ги развиваме сите форми на туризам, особено во источниот регион“, смета проф. д-р Нако Ташков, декан на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Најголем потенцијал за спа- туризам во источнитот дел на државата има Штипската бања „Кежовица“.
„Луѓето веќе доаѓаат, ги користата капацитетите на Бањата. Имаме најави и за нови ноќевања“ изјава Трајче Јанев, рак. на Бања „Кежовица“ – Штип.
Водата во „Кежовица“ е со температура од 62 степени на изворот, исклучително поволна за лекување на косто-зглобни проблеми.
„Се ме боли, имам проблеми со ’рбетот, доаѓам од мака“, изјава Даринка Јанкуловска, посетителка од Крива Паланка.
„Од водата сум многу задоволна, презадоволна. топла е и многу убава“, вели Даница Давидовска, посетителка од Крива Паланка.
„Првиот пат кога дојдов бев целата здрвена, сега сум добро„ иатакна Добрица Ристовска, посетителка од Крива Паланка која во Бањата доаѓа по шести пат.
Освен традиционалната, овде во иднина би требало да се применува и источната медицина.
„Имаме за цел да направиме еден оддел кој ќе се занимава со примена на кинеска традиционална медицина“, потенцира проф. д-р Саша Митрев, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Но, за сето ова требаат и подобри услови.
„Комплетно ќе се реновираат сите сместувачки капацитети во Бањата. Веднаш потоа ќе почнеме и со реновирање на самата бања“, изјави Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ – Штип.
„Кежовица“ располага со скромен капациет од 40 легла, а годишно овде се регистрираат околу 2.500 – 3.000 ноќевања. Сепак, за поголема искористеност на природниот потенцијал, неопходни се и поголеми инвестиции.
Оливера Жежова
