Македонија

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода врз пожар во кичевско

21.06.2024 17:51

Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума...

Хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР, по добиено барање од ЦУК, дејствуваше на пожарот на отворено во атар на селото Цер, општина Кичево.

Хеликоптерот исфрли над 20 тона вода и го стопира кракот што се наближуваше да зафати букова шума, соопштуваат од МВР.