Европејците летуваат по 5 дена годишно, Македонците по 11
Просечниот европеец на летување троши по 335 евра, а Грците, иако одмораат подолго, трошат помалку, 206 евра по човек...

Жителите на Европската унија просечно одат на одмор нешто повеќе од 5 дена. Иако Грција е во криза, нејзините жители се рекордери по должината на летувањето. Тие во просек одмораат подолго од една недела или остваруваат по 7 ипол ноќевања. Зад нив се жителите на Кипар со 7,2, па Белгијците со 7,1 ноќевање на одмор.
Просечниот европеец на летување троши по 335 евра, а Грците, иако одмораат подолго, трошат помалку, 206 евра по човек. Најголеми трошаџии се жителите на Луксембург, со 748 евра по човек, а Германците се поскромни и трошат по 469 евра. Најмал трошок прават Романците, по 104 евра.
Според државниот завод за статистика, три четвртини од македонските граѓани, односно над 74 насто не одат на одмор. Но, тие што одат не штедат и во просек, ноќеваат по 11 дена, а дневно трошат по 869 денари со или 803 денари без превозот.
