Mакедонска државјанка загина, четири лица се повредени во сообраќајка на автопат во близина на Солун
Тешката сообраќајна несреќа се случила на патот Игнација меѓу Верија и Солун денеска околу пладне кога дошло до судар на две возила на еден од излезите од автопатот.

Триесетгодишна македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа што денеска околу пладне се случила на автопат во близина на Солун. Во сообраќајката биле повредни уште четири други лица.
Тешката сообраќајна несреќа се случила на патот Игнација меѓу Верија и Солун денеска околу пладне кога дошло до судар на две возила на еден од излезите од автопатот.
Како што објавуваат грчките медиуми, 30- годишната жена починала, а нејзините две сопатнички на возраст од 27 и 25 години биле пренесени во болница. Третата сопатничка минала со лесни повреди, исто како и 74-годишен маж кој бил во другиот автомобил.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
