ООН
Гутереш загрижен поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Хезболах
21.06.2024 19:59
„Еден непромислен потег, една погрешна проценка, може да предизвика катастрофа што ги надминува границите, искрено, ја надминува имагинацијата“, изјави Гутереш.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека е многу загрижен поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и либанскиот Хезболах и дека мировните сили на ОН работат на смирување на ситуацијата и спречување на погрешни потези.
„Еден непромислен потег, една погрешна проценка, може да предизвика катастрофа што ги надминува границите, искрено, ја надминува имагинацијата“, изјави Гутереш.
Тој посочи дека луѓето од регионот и луѓето во светот не можат да си дозволат Либан да стане уште една Газа.
