Свет

Во напади врз Рафах загинаа најмалку 32 Палестинци

21.06.2024 20:25

Заземањето на Рафах е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај. Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот...

Најмалку 32 Палестинци загинаа денеска во нападите на израелските сили врз Рафах во јужниот дел на Појасот Газа, како и врз други области низ енклавата, јавија светските агенции.

Заземањето на Рафах е во фокусот на израелската офанзива од почетокот на мај. Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот.

Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, од кои повеќето беа принудени повторно да избегаат.