Заеднички воени вежби на САД, Јужна Кореја и Јапонија
Лидерите на трите држави се согласија на самитот во Кемп Дејвид во август 2023 година да одржат годишни воени вежби и го осудија „опасното и агресивно однесување“ на Кина во спорниот воден пат на Јужно Кинеско Море.

Американскиот носач на авиони на нуклеарен погон „Теодор Рузвелт“ пристигна во јужнокорејскиот пристанишен град Бусан на заеднички воени вежби со Јапонија. Лидерите на трите држави се согласија на самитот во Кемп Дејвид во август 2023 година да одржат годишни воени вежби и го осудија „опасното и агресивно однесување“ на Кина во спорниот воден пат на Јужно Кинеско Море.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја посети Северна Кореја за прв пат по 24 години и потпиша договор со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, кој вклучува ветување за взаемна одбрана.
Генералниот секретар на Обединетите нации, Гутереш ги повика сите земји кои имаат врски со Северна Кореја, да ги почитуваат санкциите кон Пјонгјанг донесени од Советот за безбедност на светската организација.
