Се интензивираат нападите во Рафах
Израелските одбранбени сили ги интензивираа нападите во енклавата, вклучувајќи и тесна борба со Хамас. Според очевидци, Израел се обидува да го заврши заземањето на Рафах кој е во фокусот на нивната офанзива од почетокот на мај.

Најмалку 25 лица загинаа, а 50 се ранети во израелското гранатирање на шатори за раселените Палестинци северно од градот Рафах, соопшти министерството за здравство на Газа и вработените во итната помош.
Израелските одбранбени сили ги интензивираа нападите во енклавата, вклучувајќи и тесна борба со Хамас. Според очевидци, Израел се обидува да го заврши заземањето на Рафах кој е во фокусот на нивната офанзива од почетокот на мај.
Тенковите се пробиваат во западните и северните делови на градот, а израелските војници веќе ги окупираа истокот, југот и центарот. Израелските сили нападнаа од авиони, тенкови и бродови од брегот, предизвикувајќи нов бран на раселување од градот, кој засолни повеќе од милион раселени лица, повеќето од нив беа принудени повторно да бегаат.
Од Обединетите нации предупредуваат дека во енклавата владее потполно беззаконие, а околу 2,5 милиони жители се во опасност од глад. Бараат, Израел да воспостави јавен ред во енклавата и да обезбеди доставување хуманитарна помош.
