Свет

Русија изврши масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина

22.06.2024 12:54

Украинските власти соопштија дека во големиот ноќен руски напад енергетската инфраструктура, вклучително и електраната, била значително оштетена, а седуммина вработени биле повредени.

Руските воени сили извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура во западна и јужна Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика.

Објектите на украинскиот оператор се оштетени во регионите на Запорожје на југот на земјата и во Лавов на запад, соопшти министерството, додавајќи дека во нападите има и повредени работници.

Украинските власти соопштија дека во големиот ноќен руски напад енергетската инфраструктура, вклучително и електраната, била значително оштетена, а седуммина вработени биле повредени.

Украинскиот претседател Зеленски верува оти половина од енергетскиот капацитет на Украина се уништени во засилените руски напади. Повика што поскоро да се постават соларни панели и единици за складирање енергија во секое училиште и болница. Ги повика западните сојузници да помогнат во обновувањето на електричната мрежа во Украина.