Македонија

Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион

22.06.2024 14:41

Ќе стане ли Битола еколошки чист град, а битолчани да плаќаат двојно пониски цени за топлинска енергија? Со ваква визија е експертски тим кој пред Локалната самоуправа ја лансираше идејата „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“.

Поздрава животна средина, намалување на стакленичките гасови, но и двојно пониска цена на топлинската енергија за битолчани. Со ваква визија е менаџерски експертски тим кој ја лансираше идејата за „Обновливи извори на енергија за греење во Битолскиот регион“. Велат, декарбонизацијата на топлификацијата не е само еколошка потреба, туку, пред сè, економска.

На кој начин би функционирал овој иновативен систем, но и за придобивките на градот и битолчани беше запознаен и градоначалникот на Битола, Коњановски.

Проектот е финансиран од Германското општество за Меѓународна соработка (GIZ) преку програмата Европска климатска иницијатива (EUKI).

Ружица Ѓоршевска