Македонија

Помалите етнички заедници на дното по остварување на своите права

22.06.2024 13:27

Помалите етнички заедници се на дното по остварувањето на своите права, велат од Форумот на немнозинските заедници кој е формиран со цел поголеми права на Ромите, Турците, Власите, Бошњаците и останатите.

Етнички заедници без култура, соодветно образование, не може да напредуваат и да бидат на исто рамниште со Македонците и Албанците, велат од Форумот на немнозинските заедници. Како помали етникуми според последниот попис сме 10% од вкупното населените во државата, а сме на маргините, вели Надир Реџепи.

Целта на здружувањето на немнозинските заедници беше токму нивната поделеност. Заедничкиот настап ќе помогне во остварувањето на нашите права, но за тоа треба да имаме поголема поддршка од институциите, кои сè уште доцнат со поднесување на извештајот до Советот на Европа.

Македонија како членка на Советот на Европа има обврска да ги штити националните малцинства, но тоа во пракса недостасува, додава Реџепи.

Зоран Димовски