Македонија

МВР: Претрес во Куманово, пронајдена дрога, приведен дилер

22.06.2024 12:24

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага.

Вчера во 20.30 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (47) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин и дигитална вага. С.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.