„Сириза“: Мицкоски повторно го прекрши Договорот од Преспа
Од „Сириза“ велат дека тоа е прекршување на Договорот од Преспа и го повикаа грчкиот премиер Мицотакис да преземе мерки.

Грчката опозициска партија „Сириза“ денеска внимателно го следела експозето на мандатарот Христијан Мицкоски во парламентот. Дури и броела колку пати, тој земјата ја нарекол, Македонија.
Од „Сириза“ велат дека тоа е прекршување на Договорот од Преспа и го повикаа грчкиот премиер Мицотакис да преземе мерки.
„Сакаме да ја потсетиме ВМРО дека постојаното кршење на Договорот од Преспа, резултира со пропишани санкции кои произлегуваат од меѓународното право и правото на ЕУ. Во исто време, потсетуваме на американското законодавство од 2021 година кое предвидува санкции во случај на прекршување на договорот“, се вели во соопштението на „Сириза“.
Инаку мандатарот Христијан Мицкоски веќе најави дека ќе го користи уставното име за време на заклетвата.
