Продолжува седницата за избор на новата влада, треба да се изгласа до полноќ
На почетокот на седницата во образложението мандатарот Мицкоски испрати силни пораки до граѓаните за обединување за историска трансформација, вети силен економски развој, намалување на невработеноста, раст на БДП. Најави нова странска инвестиција од 400 милиони евра уште во првата недела од неговиот мандат.

До денеска на полноќ треба да се избере новата влада предводена од мандатарот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во Собранието продолжува расправата по програмата и предлогот за состав на владиниот кабинет.
На почетокот на седницата во образложението мандатарот Мицкоски испрати силни пораки до граѓаните за обединување за историска трансформација, вети силен економски развој, намалување на невработеноста, раст на БДП. Најави нова странска инвестиција од 400 милиони евра уште во првата недела од неговиот мандат.
Опозицијата со критики. Го прашаа дали ќе ги поништи Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија. Ковачевски рече дека СДСМ нема да ја подржи новата влада.
Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде 13-от премиер, а владата формирана од коалицијата „Твоја Македонија“, коалицијата „Вреди“ и движење ЗНАМ – За наша Македонија, ќе биде 20-та влада од осамостојувањето на државата.
