Свет

Израелскиот министер за одбрана во посета на САД

23.06.2024 10:20

Претходно, американскиот претседател Бајден ја одложи испораката на воена помош за Израел поради израелските напади врз цивили во Газа.

Израелскиот министер за одбрана Галант во посета на САД на средба со американски претставници. Пред посетата истакна дека Израел е подготвен за каква било акција во Газа, но и во Либан доколку е потребно.

Додаде дека со американските сојузници ќе разговараат за последната фаза од војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа.

Претходно, американскиот претседател Бајден ја одложи испораката на воена помош за Израел поради израелските напади врз цивили во Газа.

Израел е под постојани критики од меѓународната јавност поради деветмесечната офанзива што доведе до голем број цивилни жртви и хуманитарна катастрофа во енклавата.