Воен конфликт

Жестоки напади врз Харков

23.06.2024 11:38

Украинскиот претседател Зеленски во обраќањето рече дека руските сили употребиле над 2.400 наведувани бомби врз украински цели, од нив 700 биле насочени кон Харков.

Најмалку три лица загинаа, а 52-јца се ранети во руските напади во областа Харков, во источна Украина. Меѓу загинатите три се деца, а четворица од ранетите се во тешка состојба. Цел на руските наведувани бомби била станбена зграда во Харков, тврдат украинските власти.

Украинскиот претседател Зеленски во обраќањето рече дека руските сили употребиле над 2.400 наведувани бомби врз украински цели, од нив 700 биле насочени кон Харков.

До меѓународната заедница упати апел за поскоро пристигнување на ветените пакети воена помош без одлагање за да може да се реализираат договорите постигнати со американскиот претседател Бајден.