Свет
Топлотен бран во САД
23.06.2024 14:26
Вонредна состојба е прогласена во Вашингтон, каде живата на термометарот достигна до 38-от степен.

Над 100 милиони Амерканци кои живеат во областите од Њујорк до Вашингтон, викендов се предупредени за екстремни горештини. Вонредна состојба е прогласена во Вашингтон, каде живата на термометарот достигна до 38-от степен.
Метеоролозите предупредуваат од тропска бура над Мексиканскиот залив кој сосебе може да донесе избилни врнежи од дожд и поплави во Тексас и во крајбрежните места.
Предупредувања за високи температури има и во јужниот и централниот дел на Калифорнија, вклучувајќи и округот Калуса, каде пожарникарите се борат со шумски пожар што се простира на 7.730 хектари.
