Култура

Денови на португалската кинематографија во Кинотека

23.06.2024 10:42

Проекциите почнуваат во среда на 26-ти јуни, во 20:15 часот со „Оружје и луѓе“ (As Armas e o Povo), документарец снимен во 1975 година. На 27-ми јуни ќе биде прикажан „Трас ос монтес“, снимен во 1976 година според сценарио и во режија на Антонио Реис и Маргарида Мартинс Кордеиро.

Од 26-ти до 29-ти јуни во Кинотека ќе се прикажуваат четири филма од португалската кинематографија.

„Се работи за ремастирани копии на општествено ангажираните, неколку децении стари филмски творби. Ова е несекојдневна прилика да се видат вакви филмови, што бездруго и е повеќе од потребно на нашата кино публика. Потребно е да се проследат и продискутираат делата на кинематографиите кои не ни се многу познати. Овие филмови се речиси непроценлив историски документ, создадени во центарот на  турбулентните настани во тогашната Португалија. Тоа се и своевидни манифести за односот меѓу киното и политиката, за самиот медиум на филмот, не само како обичен набљудувач на настаните туку пред сè како активен учесник во револуционерниот чин“, велат од Кинотеката.

Проекциите почнуваат во среда на 26-ти јуни, во 20:15 часот со „Оружје и луѓе“ (As Armas e o Povo), документарец снимен во 1975 година. На 27-ми јуни ќе биде прикажан „Трас ос монтес“, снимен во 1976 година според сценарио и во режија на Антонио Реис и Маргарида Мартинс Кордеиро.

На 29-ти јуни ќе има две проекции – „Маскарас“ во 18 часот и „Бегалец“ во 20:15 часот. Документарецот „Маскарас“ е снимен во 1976 година, во режија на Ноемиа Делгадо, по сценарио на Бенјамин Переира и Ернесто Веига де Оливеира. „Бегалец“ е игран филм од 1978 година, во режија на Луис Филипе Рока, по сценарио на Луис Филипе Рока и Арналдо Абоим.