Култура

Летна работилница за конзервација и реставрација во античкиот локалитет Стоби

23.06.2024 12:12

На археолошкиот локалитет Стоби во тек е летната работилница за конзервација и реставрација на керамика, стакло и мозаик, на која учествуваат 19 учесници од пет држави. Таа се одржува по 13-ти пат.

На археолошкиот локалитет „Стоби“ во тек е работилница за конзервација и реставрација на римска керамика, стакло и мозаик, на која учествуваат дваесетина студенти, десет за керамика и стакло и девет за мозаик. По воведните предавања, кои се однесуваат на историјата на Стоби, историјата на керамика, карактеристики на глина и керамика и основни принципи на конзервација и реставрација, учесниците работат и конзервација на керамички садови – реплики на римски садови.

Во тек се и конзерваторските активности во рамки на работилницата за документација и конзервација на мозаик. Учениците работат на конзервација на околу 200 делови од мозаик, пронајдени во просторија во близина на храмот на Изида.

Работилница за конзервација и реставрација на римска керамика, стакло и мозаик е во соработка со Фондација Балканско наследство од Стара Загора, Бугарија која трае од 2010 година.

Петар Печков