МНР ги повикува македонските граѓани да го напуштат Либан
Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан, соопштуваат од МНР.

Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, во првата можна прилика да ја напуштат оваа држава поради влошенета безбедносна ситуација.
„Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, да ја напуштат во прва можна прилика. Исто така, апелираме да се одложат сите патувања кон оваа држава, кои не се неопходни. Постои можност за натамошно влошување на ситуацијата, а со тоа и намалени можности за навремено напуштање на Либан“, соопштуваат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги става сите свои капацитети за асистенција на нашите државјани и посочува на СОС дежурниот телефон на Министерството за надворешни работи +389 75 268 736 (меил адреса: [email protected]), стои во соопштението.
