Партии

СДСМ се подготвува за внатрепартиски избори

23.06.2024 12:47

Денеска истекува рокот за регистрација на членовите за внатрепартиските избори во СДСМ. За претседател се борат четворица кандидати. Екс-министрите Филипче и Петровска, директорот на ТИРЗ, Деспотовски и поранешниот заменик-министер Бајдевски. Внатрепартиските избори кај социјалдемократите се закажани за 30-ти јуни. Не е потребен цензус …

Денеска истекува рокот за регистрација на членството за избор на претседател на СДСМ. Уште една недела им остана на кандидатите да го убедат членството дека тие се вистинскиот избор за лидер на партијата. Членовите на СДСМ на 30-ти јуни ќе бираат меѓу Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски кои се на секојдневни средби низ градовите во Македонија во битка по гласови.

Поранешниот вицепремиер во владата на Ковачевски и потпретседател на СДСМ, Битиќи, во интервју за Радио Слободна Европа вели – кампањата за иден претседател на СДСМ не се одвива на најдобар начин. Тврди, еден од кандидатите за лидер на партијата, не верува во социјалдемократските вредности.

Внатрепартиските избори ќе бидат организирани од Централната изборна комисија со помош на 80 општински комисии. За избор на новиот претседател не е предвиден цензус, а за избран лидер на партијата ќе се смета оној кој ќе ја добие поддршката од мнозинството членови кои гласале на внатрепартиските избори.

Овие избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски откако партијата доживеа историски пораз на парламентарните избори.

Ана Јосифоска-Тодорвска