Расте бројот на работници во индустријата за производство на моторни возила

01.07.2014 13:14

Ова пред се се должи на новите вработувања во фабриката на Ван Хул која во слободната зона во Бунарџик произведува автобуси...

Во мај за четири пати е зголемен бројот на работниците во индустријата за производство на моторни возила, споредено со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
 
Ова пред се се должи на новите вработувања во фабриката на Ван Хул која во слободната зона во Бунарџик произведува автобуси.
 
Текстилната индустрија пак е на второ место. Според податоците на статистичарите, за 46,2 насто е зголемен бројот на работници во текстилната индустрија.
 
Трета индустриска гранка која има голем раст на бројот на вработени во мај, споредено со мај 2013 година е индустријата за производство на електрична опрема каде што бројот на вработени е зголемен за 18 проценти.
 
Вкупниот број на работници во индустријата во петтиот месец годинава бележи раст од 6,7 насто.