Политика

Над 20.000 членови ќе избираат нов лидер на СДСМ, четворица кандидати во трка

23.06.2024 15:45

Опозицијата се подготвува за внатрепартиски избори. Денеска истекува рокот за регистрација на членството на СДСМ. Над 20.000 ќе одлучуваат кој ќе биде идниот лидер на социјалдемократите …

Над 20.000 членови ќе избираат нов лидер на партијата идната недела. Рокот за регистрација за внатрепартиските избори истекува денеска. Четворица кандидати во трка. Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски се секојдневно на средби низ Македонија, во битка по гласови.

Петровска смета дека е потребно сериозно реформирање на партијата – организациски и кадровски. Бајдевски вели дека неговиот тим се сите членови на СДСМ и очекува поддршка од нив.

Едно од клучните нови тела кои ги предлагам во програмата е Комисијата за етика и одговорност, вели Венко Филипче. Деспотовски смета дека мора да се стави радикално стоп на сите досегашни политики и негативни практики.

Внатрепартиските избори ќе бидат организирани од Централната изборна комисија со помош на 80 општински комисии. За избор на новиот претседател не е предвиден цензус, а за избран лидер на партијата ќе се смета оној кој ќе ја добие поддршката од мнозинството членови.

Овие избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски откако партијата доживеа историски пораз на парламентарните избори.

Ана Јосифоска-Тодоровска