Македонија

Нимиц: Употребата на уставното име во писмена, но не и во усна форма ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија

23.06.2024 15:59

Ова политика не е одржлива долгорочно и нема да им дозволи да ја играат соодветната улога во светската заедница, вели Метју Нимиц за „Катимерини“.

Новата власт се доведе во тешка позиција и треба да излезе од неа. Употребата на уставното име во писмена форма, но не и во усна, ќе предизвика проблеми и конфузија. Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „Северна Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат на глас? Ова политика не е одржлива долгорочно и нема да им дозволи да ја играат соодветната улога во светската заедница, вели Метју Нимиц за „Катимерини“. 

„Ако некој следи погрешен пат, најдоброто решение, кога ќе го сфати тоа е да се коригира. Другите лидери и јавноста ќе ја препознаат корекцијата и ќе го почитуваат лидерот кој во од се прилагодува. Врз основа на оваа филозофија за справување со реалноста, раководството на Северна Македонија, според мене, треба да признае дека „Република Северна Македонија“ е името на државата, дека тоа е убаво и чесно признаено во целиот свет, во ОН, НАТО и ЕУ и е име за кое треба да се горди“, објаснува Нимиц.

Според Нимиц, 80 проценти од енергијата, новата влада треба да ја потроши на внатрешни реформи, а останатите 20 на отворените прашања со Бугарија и Грција.