Дипломатија

Охридски бисер и рачно изработен накит за кралот и кралицата на Британија

23.06.2024 16:41

Амбасадорката на Кралот Чарлс Трети му поклони охридски бисер и бисерни плочки за кошула, изработени специјално за кралот и кралицата на Британија...

Македонската амбасадорка во Велика Британија, Катерина Ставреска беше во посета на Бакингемската палата каде оставри средба со Кралот Чарлс Трети со кого разговарале за  дипломатските односни, културниот развој како и пријателството меѓу македонскиот и британскиот народ.

Амбасадорката на Кралот Чарлс Трети му поклони охридски бисер и бисерни плочки за кошула, изработени специјално за кралот и кралицата на Британија. Со овие подароци кои се заштитен знак за Охрид и Македонија, ја покажаа длабоката почит и вредност која нашата земја ја посветува на одржувањето на своите традиции и уметничко наследство.

 

Фото: Принтскрин/ Јутјуб