Тензично на израелско- либанската граница
Израел е подготвен за било каква акција во Појасот Газа, во Либан и во дополнителни подрачја, рече израелскиот министер за одбрана Галант пред да отпатува во САД на средба со неговиот американски колега Остин.

Иако, од почетокот на конфликтот во Газа, секојдневно по должината на израелската граница со Либан се разменува оган меѓу израелските одбранбени сили и милитантите на Хезболах, состојбата значително се влоши во почетокот на овој месец отакако загина висок воен командант на милитантите, а Хезболах возврати со гранатирање и напади со дронови кон израелска територија.
Израел е подготвен за било каква акција во Појасот Газа, во Либан и во дополнителни подрачја, рече израелскиот министер за одбрана Галант пред да отпатува во САД на средба со неговиот американски колега Остин.
Додаде дека со американските сојузници ќе разговараат за последната фаза од војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, но и за тензиите на границата со Либан.
Галант во Вашингтон ќе се сретне и со шефот на американската дипломатија Блинкен. Израелскиот премиер Нетанјаху, пак, повторно упати обвинувања кон Вашингтон поради неиспораката на пакетот воена помош.
