Македонија

Големо невреме во тетовскиот регион

23.06.2024 18:34

Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош.

Пороен дожд, грмежи, засилен ветер и повремено појава на град го зафати доцна попладнево тетовскиот регион. Поплавени се подрумски простории на повеќе куќи и објекти.

Поројниот дожд траеше околу 45 минути и според првичните информации делови од градот се поплавени, а граѓаните апелираат за помош.

Командирот на ТППЕ Тетово бара да биде исклучена струјата во цело Тетово, бидејќи според него, ризикот од струен удар по граѓаните и пожарникарите е многу висок поради тоа што се поплавени подрумските простории на повеќе куќи и објекти. На 112 стигнаа неколку пријави од граѓани за поплавени подруми. Во моментов се воспоставува контакт со ЕВН, соопштуваат од ЦУК.

Силниот ветер и градот направија штети на земјоделските култури и овошните насади но и штети во урбаните средини. На 112 досега има повеќе од 200 пријави на штети, кои ќе се проценуваат дополнително.