Обилни врнежи и блокирани патишта

Сообраќајот од Велес и од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата

23.06.2024 21:20

Регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода...

Сообраќајот од правец од Велес кон Скопје и од правец од Куманово кон Скопје се пренасочува од Хиподром кон обиколницата поради обилни врнежи и блокирани сообраќајници, информираат од АМСМ.

Оттаму додаваат дека регионалниот пат од село Желино кон село Сиричино е блокиран во двата правци поради надојдена вода од невремето.