Невреме
Повеќе од сто подруми и куќи во Тетово се под вода
23.06.2024 20:14
Од Тетовската против пожарна единица велат дека сите екипи се на терен и екипите интервенираат каде е потребно.

Силно невреме со град го зафати Тетово. Улици се полни со вода, а повеќе од 100 подруми и куќи се под вода.
Од Тетовската против пожарна единица велат дека сите екипи се на терен и екипите интервенираат каде е потребно. Издадена е препорака да се исклучи електричната енергија во градот за да не предизвика струјни удари и жртви во поплавените објекти.
Надлежните со апел до граѓаните да го одложат своето патување поради големите поплави на влезот кон градот.
