Македонија доби нова влада
Премиерот Христијан Мицкоски заклетвата ја даде со уставното име. Два дена се одвиваше жестока дебата, а пред гласањето Европскиот фронт ја напушти седницата...

Собранието ја изгласа новата влада. Со 77 гласа „за“ и 22 „против“, по долга и жестока дебата која траеше два дена, пратениците денеска го изгласаа 13-от премиер на 20-та македонска влада.
Премиерот Христијан Мицкоски заклетвата ја даде со уставното име. Два дена се одвиваше жестока дебата, а пред гласањето Европскиот фронт ја напушти седницата.
Новата влада брои 24 члена. Покрај премиерот, има уште 23 вицепремиери и министри, од кои 20 со ресор. Пет заменици односно вицепремиери, а еден од нив е „прв вицепремиер“.
Во владиниот кабинет, 15 членови се од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, шест од коалицијата Вреди и двајца од ЗНАМ.
