Македонија

Македонија доби нова влада на чело со Мицкоски, вети резултати во првите 100 дена

24.06.2024 08:56

Македонија доби нова влада, 20-та по ред од осамостојувањето. Мицкоски е 13-тиот премиер...

Македонија доби нова влада, 20-та по ред од осамостојувањето. Мицкоски е 13-тиот премиер. „За“ гласаа 77 пратеници, „против“ беа 22 пратеника од СДСМ и од Левица. Од Европскиот фронт претходно ја напуштија салата.

Новоизбраниот премиер заклетвата во Собранието ја даде со новото уставно име. Мицкоски и неговите соработници денеска ќе седнат на фотелјите во зградата на „Илинденска“.

Новата извршна власт ќе има 24 министерства. Во дводневната расправа, опозицијата обвинуваше дека сите пропаганди и лаги на ВМРО-ДПМНЕ паднале во вода, а црвените линии кои цврсто ги поставиле во кампањата и претходно, ги погазиле.

Во завршното обраќање пред гласањето, Мицкоски вети резултати уште во првите 100 дена, работа, проекти, повисок стандард и посветеност, во интерес на граѓаните. Упати и совет до опозицијата – реално да ги гледаат работите, додавајќи дека останува подадената рака за националните интереси.