Финансиска поддршка за овчарството и козарството
Овчарите ќе добиваат субвенција од по 600 денари за животно доколку имаат стадо од најмалку 30 овци, a по 1.400 денари им следува ако го продале своето производство во кланици. За млекото ќе се добиваат по 6 денари за литар за произведени и предадени најмалку 300 литри месечно. Пописот на добитокот треба да го направат најдоцна до 1-ви јули.

По 600 денари за животно ќе добиваат овчарите кои имаат минимум 30 обележани овци и ќе ги чуваат најмалку до 30 ноември 2024 година, а по 1.400 денари за оние кои го продале своето производство во регистрирани кланични капацитети. Исплатата е условена со продажба на најмалку 50 проценти од пријавените возрасни грла.
Одгледувачите на најмалку 10 кози имаат право на субвенција од 2.000 денари по грло.
Регистрираните одгледувачи на овци и кози и производители на млеко кои го имаат предадено на овластен откупувач или искористено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет од октомври 2023-та до декември 2024-та година, ќе добиваат по шест денари за литар.
Минималната прифатлива количина за која ќе се добиваат субвенции изнесува 300 литри месечно.
Дополнителни субвенции следуваат и за предадено јагне или јаре во кланица.
Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 1.000 денари за животно, а пријавувањето е до 1-ви јули.
Методија Трајков
