ДАГЕСТАН
Терористичкиот напад во Дагестан, има загинати и повредени
24.06.2024 09:43
Идентификувани се напаѓачите што отворија оган во градовите Махачкала и Дербент, во Дагестан...

Идентификувани се напаѓачите што отворија оган во градовите Махачкала и Дербент, во Дагестан. Во нападите врз синагога, православна црква и полициска станица, 10 лица загина, седуммина полицајци и еден православен свештеник. Ранети се 25 лица, а синагогата, заштитена од УНЕСКО била запалена.
Рускиот истражен комитет отвори кривична постапка за терористичкиот напад. Се верува дека милитантите се поддржувачи на меѓународни терористички организации. Во Републиката беше воведен режим на антитерористичка операција.
По нападот во Дагестан, пукање имало и на границата на Абхазија и Руската Федерација.
