Руско - украински конфликт

Ден на жалост на полуостровот Крим, по украински напад врз Севастопол

24.06.2024 09:49

Руското Министерство за одбрана соопшти дека САД се одговорни за смртоносниот украински напад врз Севастопол, во кој загинаа четири лица, а околу 120 беа повредени...

Ден на жалост на полуостровот Крим. Руското Министерство за одбрана соопшти дека САД се одговорни за смртоносниот украински напад врз Севастопол, во кој загинаа четири лица, а околу 120 беа повредени.

Од друга страна, шефот на украинското разузнавање изјави дека Русија нема да ги почувствува последиците од војната сè додека борбите се локализирани во Украина и дека поради тоа конфликтот мора да се префрли на руска територија.