БЛИСКИ ИСТОК

Израелски напади врз јужен Либан

24.06.2024 09:54

Израелската армија соопшти дека борбени авиони погодиле воена структура на Хезболах во јужен Либан...

Густ чад над различни области на јужен Либан, откако израелски напади ја погодија областа. Израелската армија соопшти дека борбени авиони погодиле воена структура на Хезболах во јужен Либан.

Либанската државна новинска агенција извести дека Израел ги таргетирал шумите во пограничен град со фосфорни бомби, што предизвикало пожари. Израелската војска и милитантите на Хезболах разменуваат оган од 8-ми октомври, ден по избувнувањето на војната меѓу Израел и Хамас.