Воспоставена политичка рамнотежа во ЕУ
Изборот на Шулц, аналитичарите го оценуваат како дел од договорот за изборот на Јункер за претседател на Европската Комисија...

Германскиот социјалист, Мартин Шулц денеска повторно е избран за претседател на европскиот парламент. Во вториот мандат, тој најави поголема одговорност на парламентот како глас на сите граѓани на унијата.
Изборот на Шулц, аналитичарите го оценуваат како дел од договорот за изборот на Јункер за претседател на Европската Комисија.
Во европскиот парламент мнозинството пратеници се од Европската Народна Партија, и со тоа Шулц е обид за политичка рамнотежа во унијата, се првите коментари по изборот. За него гласаа 409 европратеници, а 314 беа против.
Британски „Телеграф“ пишува дека годишната плата на претседателот на европскиот парламент е 213 илјади фунти, како и дополнителни 124 илјади фунти изразени во различни даночни олеснувања.
Зоран Богатинов
