Приоритети на италијанското претседателство со ЕУ: раст, вработување и имиграција

01.07.2014 13:37

Италијанското претседателство со ЕУ ќе мине во знак на штедење...

Италија денеска го презема ротациското претседателство со ЕУ. Во наредните шест месеци ќе работи на три основни прашања битни за ЕУ-економски раст, вработување и имиграција.
 
Италијанскиот премиер Матео Ренци изјави дека во овие шест месеци Италија ќе се погрижи да ги убеди младите луѓе дека ЕУ е унија од држави во кои луѓето може да имаат надеж. Италијанското претседателство со ЕУ ќе мине во знак на штедење.
 
Планирани се 68 милиони евра, многу помалку во споредба со 170 милиони што ги потроши Париз за време на претседателствувањето. 
 
За време на италијанското претседателствување ќе почне да заседава новиот Европски Парламент и ќе се изберат водечките политички фигури во ЕУ-претседателот на ЕП, претседателот на Европскиот совет, претседателот на ЕК, првиот дипломат на ЕУ и европските комесари. 
 
Соња Стојановска