Здравство

Таравари почна со разрешување економски директори, ќе го решава и проблемот на хируршките клиники

24.06.2024 15:43

Таравари во однос на проблемот со хируршките клиники каде што подолго време не се одвиваат операции вели, ќе му требаат неколку дена за да донесе дефинитивна одлука – дали ќе се оди на брзо решавање на проблемот со отворање на нова набавка и веднаш инсталирање на комплетно нов систем, или ќе може да се поправи...

Новиот министер за здравство Арбен Таравари почна со разрешување на економски директори на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на кои им е истечен мандатот и најави дека постапката ќе продолжи и за другите кои вршат ваква функција, но откако ќе се направат потребните законски измени.

Разрешив шест или седум в.д. економски директори од 14 кои се со ваков статус, другите ќе почекаме да го смениме законот да нема веќе економски директори, посочи Таравари.

Таравари во однос на проблемот со хируршките клиники каде што подолго време не се одвиваат операции вели, ќе му требаат неколку дена за да донесе дефинитивна одлука – дали ќе се оди на брзо решавање на проблемот со отворање на нова набавка и веднаш инсталирање на комплетно нов систем, или ќе може да се поправи.

Тој најави најдоцна оваа недела, да бидат назначени нови медицински директори, вклучувајќи и ја и Клиниката за токсикологија. Министерот за здравство Арбен Таравари потврди дека доктор Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за кардиохирургија за време на викендот од заменик-министерката за здравство Маја Манолева, само со нејзиниот потпис и дека ја одобрува таквата одлука.

Игор Панов