Финансии

Димитриеска- Кочоска ја презеде функцијата министер за финансии

24.06.2024 16:07

Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими.

Во Министерството за финансии утрово беше извршено примопредавање на функцијата министер за финансии. Новата министерка Гордана Димитриеска-Кочоска ја презеде функцијата од досегашниот министер за финансии Фатмир Бесими.

На средбата Бесими ја запозна новата министерка со тековните активности и проекти на кои се работи во Министерството за финансии. При тоа беше посочено дека Министерството има значајна улога и дека е најважно да се спроведат реформи коишто ќе обезбедат одржливост во финансиите и економски раст.

„Ја презедов оваа функција од мојот претходник, поранешниот министер Фатмир Бесими, обврзувајќи се на посветена и чесна работа за време на извршувањето на функцијата“, напиша министерката Димитриеска-Кочоска на својот профил на социјалните мрежи.

Фатмир Бесими го водеше овој ресор од септември 2020 година.