Родилката Зумрета одела на редовни прегледи, ќе се формира комисија за да се утврдат причините за смртта на бебето
Новороденчето почина на пат кон скопската клиника. Министерот за здравство Арбен Таравари вели-ќе формираме комисија за да ги утврди причините за смртта на бебето од Ресен кое почина 30 часа по раѓањето.

Вонредниот инспекциски надзор направен во Клиничката болница во Битола, на Детската клиника во Скопје и кај матичниот гинеколог во Битола, а од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат покажа дека кај новороденчето е дијагностициран респираторен дистрес синдром, а причината поради која настанала смрт нешто повеќе од еден ден по раѓањето е затајување на кардиореспираторниот систем.
Родилката Зумрета Тунтевска од Ресен, чие новороденче Лука почина по нешто повеќе од еден ден по раѓањето за редовноста на гинеколошките прегледи кај матичен гинеколог вели: „Јас одев редовно на контроли, од самиот почеток до крај одев редовно. Испитувања правев, сè што ми кажуваше докторот тоа правев и никаде не се појави проблем.“
Новороденчето почина на пат кон скопската клиника. Министерот за здравство Арбен Таравари вели-ќе формираме комисија за да ги утврди причините за смртта на бебето од Ресен кое почина 30 часа по раѓањето.
Родителите на Лука, но и јавноста се чекаат одговори за причинителите за смртта на Лука и од Одделението за патолошка анатомија со хистологија каде што телото на новороденчето е предадено на обдукција.
Ружица Ѓоршевска
