Политика

Агелер упати честитки за формирањето на новата влада

24.06.2024 16:52

Со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот разво, стои во честитката од американската амбасадорка...

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер упати честитки за формирањето на новата влада.

Додека премиерот и неговиот кабинет ја преземаат функцијата, со нетрпение очекуваме да го продолжиме нашето партнерство во зајакнувањето на владеењето на правото, подобрувањето на економскиот, енергетскиот и инфраструктурниот развој, социјалните структури и придвижувањето на земјата напред на нејзиниот евроатлантски пат – се вели во честитката на Агелер на социјалните мрежи.