„Демони“ на Пројковски прогласена за најдобра претстава на сезоната во Дебрецен
Покрај режијата на Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, драматизацијата на Сашо Димоски, а музиката на Горан Трајкоски.
Претставата „Демони“ од Фјодор Достоевски, во режија на Дејан Пројковски беше прогласена за најдобра претстава на сезоната откако беше претставена во Националниот театар во Дебрецен, Унгарија.
Покрај режијата на Пројковски, сценографијата е на Валентин Светозарев, драматизацијата на Сашо Димоски, а музиката на Горан Трајкоски.
Навистина ми е драго што „Демони“ ја доби оваа престижна награда. Да се работи Достоевски навистина е голем предизвик, а уште поголем предизвик и чест е да се соработува со прекрасниот ансамбл на театарот во Дебрецен. Поминавме креативен процес, отворивме многу дилеми, нурнавме во тајните на човечката душа. Беше како една патување низ срцето и душата, изјави Дејан Пројковски.
Исто така, во март годинава Пројковски ја доби Меѓународната награда за режија на деветтиот Интернационален театарски фестивал кој се одржува во Истанбул, Турција. Наградата ја доделува најголемото и најпрестижно списание за театарска уметност „Тијатро“ во Турција.
