ЦУК

16-годишно девојче синоќа извлечено од провалија кај манастирот „Св. Илија“ во Струмица

25.06.2024 08:55

Девојчето било пренесено во струмичката болница, информираат од ЦУК. Оттаму велат дека случајот го пријавила мајката на девојчето и дека нејзината ќерка има повреди на главата...

16-годишно девојче синоќа беше извлечено од провалија во близина на манастирот „Свети Илија“ во Струмица. Девојчето било пренесено во струмичката болница, информираат од ЦУК.

Оттаму велат дека случајот го пријавила мајката на девојчето и дека нејзината ќерка има повреди на главата.

Откако операторите ја утврдиле точната локација, во координација со противпожарните екипи на Струмица и итната медицинската помош успеале да го извлечат девојчето.