Почнува собраниската постапка за Законот за енергетика за намалување на цената на струјата
Со законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025-та година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата...

Во Собранието почнува постапката за дополнување на Законот за енергетика со кој се предвидува намалување на цената на струјата од 1-ви јули. Предлог законот е поднесен од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
Со законот треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025-та година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата.
Со поднесениот предлог, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првата и втората група потрошувачи, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде од еден до два проценти.
