Дипломатија
Муцунски во Брисел на средби со Столтенберг и високи претставници на ЕУ
25.06.2024 09:25
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамки на НАТО...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамки на НАТО, со посебен фокус на претстојниот Самит на Алијансата, што ќе се одржи идниот месец, во Вашингтон.
