Субвенции за свињарските и живинарските фарми
Свињарските фарми кои годинава ќе одгледуваат најмалку пет приплодни грла ќе добиваат по 1,000 денари за секое животно. За продадена гоеница во регистриран кланичен капацитет следуваат исто така по дополнителни 1.000 денари кои ќе се намалуваат доколку се работи за поголем број животни. За живинарските фарми остануваат досегашните финансиски мерки …

По 1.000 денари за грло ќе добијат сточарите кои одгледуваат женски приплодни маторици и поседуваат минимум пет свињи. Услов е тие да бидат чувани најмалку до 30 ноември годинава.
Право на финансиска поддршка имаат и стопанствата кои одгледале или продале најмалку пет гоеници во кланичен капацитет од мај 2023 до април 2024 година.
Субвенцијата се пресметува скалесто и се намалува со големината на бројот на животни. За пет до 5.000 свињи е 100 проценти, до 15.000 е 80 и над 15.000 е 40 проценти.
Во живинарството за одгледани или продадени бројлери во преработувачки капацитети од октомври 2023 до септември годинава се добиваат по 40 денари за пиле.
За амортизирани несилки однесени во кланични капацитети од 1 октомври лани до 30 септември годинава можат да се добијат по 150 денари за несилка.
За земјоделските стопанства кои продале еднодневни бројлери од октомври 23 до септември оваа година, субвенцијата е 10 денари по пиле.
Методија Трајков
