Обвинителство

Во државната каса вратени речиси милион евра со спогодбите во случајот „Синџир“

25.06.2024 10:08

Истражната постапка против 26-мина сопственици и управители на 28 правни лица почна на 30-ти октомври лани. Истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на обвинителниот акт почина, донесено е решение за запирање на истрагата.

Со спогодбите во случајот „Синџир“, во државната каса вратени безмалку милион евра. По одобрување на обвинителниот акт, во скопскиот Кривичен суд е закажано рочиште за главна расправа.

Истражната постапка против 26-мина сопственици и управители на 28 правни лица почна на 30-ти октомври лани. Истрагата беше проширена за уште две лица, а за едно лице кое при оценка на обвинителниот акт почина, донесено е решение за запирање на истрагата.

Соочени со доказите, шестмина осомничени и одговорни правни лица поднесоа иницијативи за спогодување со Обвинителството. За злосторничко здружување и даночно затајување заработија условни и парични казни.

За правните лица како главна казна се изрекува парична казна. Пред спогодбите, обвинетите го платиле целиот износ на данок што го затаиле во вредност од над 820 илјади евра.

Обвинетите, сопственици и управители на правни субјекти во периодот од први јануари 2019-та до 31-ви декември 2021-ва не платиле данок, оштетувајќи го државниот буџетот за речиси 900 илјади евра.