Приведени крадци од Прилеп, одземеното вратено на сопственикот
Вчера во 17.50 часот во Градско, во близина на локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(32) и Е.С.(40), двајцата од Прилеп, кои одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С.(61) од Скопје...

Вчера во 17.50 часот во Градско, во близина на локалитетот Стоби, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода Н.А.(32) и Е.С.(40), двајцата од Прилеп, кои одзеле предмети од викендица во близина на локалитетот Стоби, сопственост на С.С.(61) од Скопје, информираат од МВР.
Предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а при извршениот преглед кај Е.С. биле пронајдени и одземени и фалсификувани банкноти.
Н.А. и Е.С. се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата, се наведува во соопштението.
